29 Март, 2024
0.0243

ПОБРЗАЈТЕ, ОСТАНАА УШТЕ НЕКОЛКУ ЧАСА - имаше ли и кои беа слабостите на викендот без ДДВ

Објавено во: Финансии 12 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ако сте со ниет да добиете поврат на целиот ДДВ што ќе го платите на домашните производи и на комјутерската опрема, побрзајте, бидејќи имате уште само неколку часа.

Денеска е последен ден на викендот без ДДВ, а премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски повикаа граѓаните да ја искористат оваа мерка и да и помогнат на домашната економија. 

Денеска продавниците за комјутери и бела техника, но и маркетите, беа отворени, па некои дури и го продолжија работното време, иако за некои објекти дел од граѓаните се жалеа дека затвориле баш на овој ден. 

Дел од познавачите сепак имаа и извесни забелешки за овој проект. 

Павле Гацов, даночен експерт на фејсбук објави дека оваа мерка покажала слабости кои можеле да се предвидат. 

„Ќе споменам неколку од нив за истите да не се повторат при евентуално повторување на мерката во 2021: недоволен PR за примена на мерката, трговци кои не работат (споен продолжен викенд), граѓани кои не купуваат (споен продолжен викенд),  Во голем број случаи, во фискалните сметки прометот на македонски производи се номинирање како промет на останати производи. Ова ја девалвира целата мерка и ја прави нефункционална“, напиша Гацов, објаснувајќи дека без номинирање на македонските производи кои се купени, граѓаните не можат да остварат ниту поврат на ддв.

„Со оглед дека со ваквата неажурност отпаѓа можноста за целосен поврат на ДДВ за време на „Викендот без ДДВ“, односно наместо поврат на 20 отсто се врши поврат од 10 отсто кога се работи за секојдневен промет, единствени губитници заради ваквата неказнива неажурност на ДДВ обврзниците се граѓаните кои не можат во целост да ги остварат законските права на поврат на ДДВ и како ефект на тоа незаинтересираност за користење на мерка која има системски слабости.

Исто така, продолжува и примената во пракса на лошо (слабо) отпечатени сметки кои за жал не може да се скенираат. Физичкото одење во УЈП во услови на зголемување на бројот на заразени граѓани и скенирање на тамошните апарати веќе не е опција“, ги наведува Гацов слабостите.

Тој со препорака за 2021 година. Без оглед дали ќе има нов „Викенд без ДДВ“, треба да следи нова фаза на регистрирањето на „готовинскиот промет“ на е-начин. Финска, Естонија, Словенија, Русија и Кина се добри примери за ова.

И сето ова во рамките на процесот на „побелување на сивото“, односно демонетизација на економијата.

Како поминал викендот без ДДВ, се очекува надлежните да дадат анализа во следните денови. 

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка