Добивај вести на Viber
Цената на златото e на највисоко ниво за шест години.
Побарувачката на златото е на историски највисоко ниво.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, цената на златото почна вртоглаво да расте и да урива рекорди. Инвеститорите овој благороден метал го сметаат за сигурна инвестиција во време на криза, и затоа предвидуваат и понатамошен раст на цената. Тврдат и дека побарувачката за злато е предизвикана и од стравувањето од инфлација бидејќи им претставува главно средство за зачувување на имотот. Само минатата недела цената на златото скокна за четири отсто во однос на претходната, а аналитичарите сметаатдека до крајот на годината да достигне неверојатни 2.300 долари за унца.