24 Април, 2024
0.0299

По завршување на пандемијата Македонија ја чека одлив на медицински сестри

Објавено во: Економија, Корона Вирус 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Откако пандемијата на коронавирусот ќе заврши, Македонија ја чека одлив на медицински сестри.

Тие би заминале во регионот, но и во Европа, онаму каде ваквиот кадар е дефицитарен. Германија, Швајцарија, Шведска се земја каде и досега заминуваа медицинските сестри од нашата земја. Дел од нив веќе се снашле во клиниките низ Европа и сега имаат простор да помогнат за ангажирање на нивни роднини или колешки.

Од Унијата на медицински сестри велат дека по завршување на пандемијата Македонија ќе ја напуштат младите и стручни кадри.

„Имаше некои заминувања и сега за Германија, но тоа беа спорадични, на прсти да се избројат“, рече Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на медицински сестри.

Бараат оние медицински сестри кои се со договор на дело да добијат трајно вработување, и да помагаат во ковид центрите, но за тоа да бидат соодветно стимулирани со вонреден коефициент затоа што сега работат во вонредни услови. Оттаму наведуваат дека оние сестри кои беа заразени со вирусот, за нив треба да има мерки за рехабилитација.

„Работа ни е, професија ни е, и ќе работиме, ќе дадеме сѐ од себе, но заслужуваме добри услови за работа и да бидеме стимулирани. Оние кои работат во ковид центрите, тие се директно во огнот, и треба да добијат вонреден коефициент на личниот доход. На оние кои беа во контакт со вирусот, кои беа заразени, зошто да не им се овозможи рехаблитација, зошто да не им се понуди воздушна бања, го имаме Берово. Има медицински сестри кои даваат откази, и не одат никаде, не преминуваат во приватното здравство, туку си одат затоа што се изморени и незадоволни. Тоа е уште пострашно и тоа треба да нѐ загрижува. Медицинските сестри треба да имаат чувство дека некој се грижи за нив“, вели Бешлиовска.

Таа наведува дека многу медицински сестри остануваат без работа од концесионерските амбуланти откако лекарот ќе затвори или ќе отиде во пензија. Објаснува дека околу 40 медицински сестри ширум државата на овој начин останале без работа, а се со долги години работно искуство зад себе. Вели дека овој кадар треба по брза постапка да се ангажира во јавното здравство.

Бешлиовска вели дека проблемите на фелата не се решаваат со моментални и еднократни, туку со мерки кои на долг рок ќе дадат ефект.

Таа додава дека во последниот период 20 до 30 сестри од јавното заминале во приватното здравство.

Во Македонија има околу 7.500 медицински сестри, а Бешлиовска вели дека би требало таа бројка да биде 15.000 според бројот на населението, што значи дека во старт имаме дефицит.

Во годините кои доаѓаат и глобално медицинските сестри ќе бидат дефицитарни, за што алармираше и СЗО.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?