ВАЖНИ СРЕДБИ СО ДВАЈЦА СВЕТСКИ ЛИДЕРИ: По вечерашниот митинг Вучиќ заминува за Кина
Објавено во: Балкан 19 Април, 2019
Во рамки на кампањата „Иднината на Србија“ денес во Белград ќе се одржи завршниот митинг на Претседателот Александар Вучиќ.
Веднаш потоа е планирано првиот човек на Србија да замине за Кина.
Во азиската земја Вучиќ ќе се состане со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.
Горан Весиќ, претставник од партијата Српска напредна партија, за српски медиум вели дека денешниот собир "Иднината на Србија" ќе испрати порака за мир и дека вечерва пред народот ќе се достави извештај за тоа што е сработено во изминатите седум години.