25 Април, 2024
0.0381

По три децении го имаат најнискиот раст

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Економијата на Кина ги почувствува ефектите и од трговската војна со САД, што резултира со нови такси на производи во вредност од над 250 милијарди американски долари.

Земјата забележа најнизок економски раст досега.

Ова е најбавен раст во последните 30 години.  Втората најголема економија во светот порасна за 6,6 отсто во 2018 година. Ова го покажуваат официјалните податоци објавени во понеделникот, што е најнизок пораст од 1990 година.

Ова се должи на напорите на Владата да се обиде да се справи со огромните долгови. 

Ваквата ситуација има последици и на глобалниот пазар.

Економскиот раст во Кина забави до 6,4 отсто во последниот квартал од годината, покажуваат податоците во согласност со предвидувањата на економистите. Економскиот раст годинава се очекува да падне до 6 отсто, но многу аналитичари се скептични за точноста на владините пресметки и велат дека растот може да биде многу понизок.

Русија наредната година ќе стане петтата најголема економија во светот, а зад на ќе останат Германија и Велика Британија.

Во извештајот на мултинационалната банка „Стандард Чартеред“ кој ги прикажува проекциите на светската економија до 2030 година, банката процени дека Кина веројатно ќе ги смени САД од челната позицијата, а таа смена на тронот би можела да се случи уште следната година, кога индексите се се мерат со комбинација на девизни курсеви на куповна мож и паритет и номинален БДП.

Покрај Кина, меѓу првите пет ќе се наоѓаат САД, Индија, Јапонија, и Русија. Од шестото до десетото место ќе се наоѓа Германија, Индонезија, Бразил, Турција и Велика Британија.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди