26 Април, 2024
0.0266

По синоќешните нереди во Белград заради полицискиот час: Брзата помош интервенирала повеќе од 20 пати

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Тринаесет полицајци и седум цивили се повредени за време на протестите и немирите пред српскиот парламент, а сите се транспортирани во Воената медицинска академија, изјавија од Брзата помош за РТС.

Утрово на Танјуг му било речено дека екипите на брзата помош интервенирале повеќе од 20 пати во текот на ноќта, во делот околу Националното собрание, каде се одржуваа протестите заради најавениот полициски час во Белград од петок до понеделник.

И, она што останува по хаосот на улиците во Белград, запалени контејнери, смет, скршени сообраќајни знаци, уништени жардиниери, камења, запалени полициски автомобили, неколку скршени прозорци.

Полицијата успеа да ги растури демонстрантите малку пред два часот наутро, прво пред српскиот парламент, а потоа и групите што беа на плоштадот Никола Пашиќ во паркот Пионирски и во булеварот Краљ Александар.

Вратите на Домот на националното собрание сè уште ги обезбедуваат голем број припадници на полицијата. Полицијата формираше кордони на улиците што водат кон Собранието за да го спречи евентуалното враќање на демонстрантите.

Премиерот Ана Брнабиќ изјави дека остро го осудува вандализмот над полициските службеници во српскиот парламент во време кога државата и здравствениот систем се соочуваат со најтешкиот удар на вирусот „Ковид 19“ од почетокот на пандемијата.

„Бидејќи не можеа да влезат во Собранието на изборите, тие повторно го покажаа своето вистинско насилно лице, обидувајќи се да добијат политички поени во најголемата криза на планетата од Втората светска војна“, изјави Брнабиќ во писмената изјава минатата вечер.

Таа посочи дека бројот на ново заразени лица во светот расте секој ден, поради што е важно сите да бидат обединети и да им ја пружат потребната поддршка на здравствените работници кои, како што вели, се посветени на борбите за секој живот во Србија.

„Државата и сите нејзини институции ќе го штитат правниот поредок, како што е ред во секоја демократски организирана земја“, рече Брнабиќ.


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци