По симболична цена се продаваат куќи во швајцарско село
Објавено во: Финансии 11 Август, 2019
Властите во италијанскиот кантон Тичино, Швајцарија, продаваат домови за само еден франк. Тоа е симболична цена за имот чија главна цел е да привлечат ново население во село Монти ди Скига во близина на италијанската граница.
Куќите се наоѓаат во идиличен амбиент со поглед на езерото Маџоре и имаат водовод на располагање, што го олеснува реконструирањето.
Има девет руинирани камени куќи по име Рустика, кои купувачите се должни да ги реновираат по склучувањето на договорот според сите прописи таму.