25 Април, 2024
0.0293

По повод роденденот на Петре М. Андреевски, тимот на „Арс Ламина“ го посети родното место Слоештица и однесе изданија од неговите дела

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Да се чува сеќавањето и творештвото на бардовите на македонската книжевност е обврска на секој од нас, поради што неодамна „Арс Ламина – публикации“ реобјави дела на Петре М. Андреевски, а по повод неговиот роденден, 25 јуни, тимот на издавачката куќа го посети и неговото родно место Слоештица и му оддаде почит. Во селото има патокази кои насочуваат кон клучни места поврзани со писателот Андреевски. Уште на влезот стои дрвена табла со ликот на Петре испишана со зборови од кои е сочинето неговото творештво и кои се препознатливи за неговите дела. Изработен е од неговата внука Воскресија Андреевска која воедно ги креираше и илустрациите за делата на Петре М. Андреевски, објавени во рамки на едицијата „Македонски книжевни класици“.

Воскресија Андреевска со своја творба со ликот на Петре


– Последната станица на нашата посета беше неговатавечна куќа. Неговиот син и уметник, Сергеј Андреевски, ни откри дека Петре го споделува ова почивалиште со Велика, неговата хероина од романотПиреј. Авторот и неговиот лик соединети – сознание што предизвикува морници. Покрај гробот исправена стои статуа со неговиот лик. Ја изработил негов пријател-скулптор уште додека бил жив. Кога ја видел, се доживеал како да се огледува во огледало. Наместо цвеќе, како роденденски подарок му ги донесовме најновите изданија на неговите дела, реанимирани со цртежите од неговата внука, уметницата Воскресија Андреевска и сработени со посебна почит како што зограф создава нечиј свет лик. И токму таму, се заветивме дека ќе го чуваме од заборав, ликот и делото на неговото величие – Петре М. Андреевски – велат од тимот на „Арс Ламина“, кои ја посетија Слоештица за роденденот на книжевниот великан.

Семејството на Петре М. Андреевски


Освен во сите книжарници „Литература.мк“, книгите можат да се купат и онлајн на интернет-страницатаwww.literatura.mk,а исто така ќе бидат достапни и во сите продажни места на весникот „Слободен печат“. Периодов во продажба се најдоа: првите две изданија од едицијата, романотТунели во едно издание расказитеБоемитеи стихозбиркатаПофалби и поплаки, потоа (во едно издание) незавршениот и последен роман на Андреевски,Бежанции збирката песниЈазли, и стихозбиркатаЛакримариј. Од вчера заедно со весникот „Слободен печат“ можат да се купат и романотПоследните селании стихозбиркатаДални наковални, а во периодот што следува, ќе бидат достапни во продажба и останатите дела:романотСкакулции стихозбиркитеИ на небо и на земјаиВечна куќа: тажаленки. Во посебна едиција ќе биде објавена и поетската збирка за децаШарам барам.

Од издавачката куќа најавуваат и проширување на едицијата „Македонски книжевни класици“ со нови дела од македонски писатели кои ги афирмирале македонскиот јазик и македонската книжевност и со нивните творби и нивнатадејност нè задолжиле да го сочуваме создаденото и да ја продолжиме нивната мисија.

Галерија од посетата на тимот на „Арс Ламина“  на родното место на Петре М. Андреевски, Слоештица:


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет