По обилните дождови, се отвори дупка на патот во Солун во која пропадна автобус
Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2021
Автобус со работници пропадна во дупка на патот во грчкиот град Солун.
Автобусот превезувал работници од нафтена рафинерија и пропаднал во дупка на патот, која се појавила поради обилните дождови. Повредени нема. Во моментот на несреќата во автобусот имало 15 луѓе, пренесува АП.
Обилните дождови предизвикаа поплави во Атина и други делови на Грција, а има и една жртва.