ПО ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ ПОСЕБНИ МЕРКИ - продавниците во Грција се отвораат, ќе работат и козметичките салони

Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2021
По речиси два и пол месеци, под посебни мерки, со претходно испратена смс порака и со ограничено време за шопинг, денеска во Грција се отвораат продавниците, моловите и трговските центри, а повторно со работа почнуваат и козметичките и фризерските салони, берберниците и центрите за техничка контрола на возила, јави дописничката на МИА од Атина.
Поради забраната за движење, граѓаните ќе имаат на располагање два часа за шопинг и само по претходно испратена смс порака, која ќе треба да ја чуваат во случај на контрола.
За продавниците до 100 метри квадратни дозволени се до четири лица, а за оние над 100 метри квадратни, по едно лице на секои 25 метри квадратни, наместо на 15 како што беше пред карантинот.
Еден посетител на 25 метри квадратни ќе важи и за трговските центри и моловите.
Берберниците фризерските и козметичките салони, ќе работата само со претходно закажан термин.
Рестораните, таверните, кафулињата, баровите, фитнес центрите, музеите, археолошките локалитети, како и средните училишта и универзитетите и понатаму се затворени.
Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 237 нови случаи на Ковид-19, а почина 28 лица.
Од почетокот на епидемијата има 148.607 заразени и 5.469 смртни случаи.
Можеби ќе ве интересира
Зошто Хрватска и ЕУ се губитници во трката за вакцинација, а Србија и Велика Британија победници?

КОИ СЕ СКАПИТЕ ЛЕКОВИ ШТО ВУЧИЌ ГИ НАРАЧА ЗА СРБИЈА - го излечија Трамп, се состојат од антитела и делуваат како пасивна вакцина

ПО ТЕШКО БОЛЕДУВАЊЕ - на 64 години почина Борис Комнениќ, ненаметливиот Саша Попадиќ од Подобар живот

СРБИЈА НАРАЧАЛА ДВА СКАПИ ЛЕКА ПРОТИВ КОРОНАТА - една пилула чини над илјада евра, но го собира и го отстранува вирусот од телото

ЗАСТРАШУВАЧКО И ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО - Вучиќ прикажа ужасни снимки со обезглавени тела од злосторствата на Веља Невоља

АЛБАНЕЦ ОД КОСОВСКА МИТРОВИЦА ПРЕМИНАЛ ВО ПРАВОСЛАВИЕ - како Сулејман стана Душан

Тиодоровиќ: Во вторник ќе бараме поостри мерки, младите не се тестираат и ја „сејат“ короната

Полицијата ја бара со денови, Ана се појави со момче на YouTube

Вучиќ откри како и кога сфатил дека ЕУ не е сериозна со вакцините, па веднаш „се растрчал“ на сите страни
