По децении на власт на Кастро фамилијата Куба со нов претседател
Објавено во: Свет 20 Април, 2018
По речиси шест децении на власт на семејството Кастро конечно Куба добива нов претседател кој е надвор од оваа долговечна политичка династија која со двоецот Фидел и Раул владееше со малата островска држава.
За нов претседател на Куба едногласно е избран Мигел Дијаз-Канел кој ја доби поддршката од партијата и од Националното собрание на народната власт.
Според кубанскиот устав, претседателот на Државниот совет е и шеф на државата и владата. Се избира за 5 години.
57-годишниот Дијаз-Канел доаѓа на местото на 86-годишниот Раул Кастро и сега се очекуваат поголеми политички реформи во Куба која инаку е под жестоки санкции на САД.