ПО 200 ЕВРА КАЗНА ЗА ТОЈ ШТО ЌЕ ОДБИЕ ДА НОСИ МАСКА, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПАТ ДВОЈНО - еве која држава е решена вака да се справи со омикрон
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2021
Лицата кои ќе одбијат да носат маски во јавниот превоз или во продавниците во Велика Британија ќе бидат казнети со 200 фунти (околу 235 евра) за првиот прекршок, објави „Мирор“.
Премиерот Борис Џонсон го врати задолжителното носење маска за да се спречи ширењето на вирусот корона, и тоа новиот сој - омикрон.
Новите правила ќе започнат со казни кога законот ќе биде усвоен во парламентот денеска, а ќе стапи на сила во вторник во 16 часот.
Секој што ќе ја заборави или одбие маската ќе плати 200 фунти за прв пат, а секој следен прекршок се наплаќа двојно.
Тоа значи дека вториот пат ако човек нема маска, плаќа 400 фунти, третиот пат 800, а казната може да достигне најмногу 6.400 фунти.
Правилата не важат за угостителство, поточно ресторани и пабови, концерти и разни настани, ниту пак парламентот може да натера пратеник да носи маска во собранието.