По 100 евра за секој граѓанин: Во Србија почна, можна е парична помош и во земјава
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2020
Владата на Србија ја објави адресата на која граѓаните ќе треба да се пријават за да добијат по 100 евра како помош.
Пријавувањето почнува прво на маил, а од петок тоа ќе може да се стори преку кол-центар. Можноста за пријава ќе трае до 5 јуни.
Уплатата инаку почнува веднаш уште во петок и тоа з апензионерите и за корисниците на социјална парична помош категории кои не мора да се пријавуваат.