29 Март, 2024
0.0263

Плажите во Грција под клуч до средината на јуни, билатерални договори за влез со земјите кои не се членки на ЕУ

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 05 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во Грција почнува дво-месечниот постепен процес на ублажување на мерките, кој според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис треба да се одвива во седум етапи. Првата мерка, која е сосема иста како и во останатите земји кои почнаа со делумно ублажување на мерките е задолжително носење на маски и ракавици во затворен простор, како и одржување на социјална дистанца.

Инаку, се уште е на сила забраната за патување на островите, но Грција почна полека да се отвора. Веќе од вчера почнаа да работат приватните училишта но само за учениците од повисоките одделенија, а од средината на мај, грчката влада планира да ги отвори и државните средни училишта, но не и основните училишта. Затворени ќе останат и градинките до 1. јуни.

Во текот на оваа недела почнуваат да работат фризерските и козметичарските салони, но само со ограничен број на клиенти и тоа со задолжително носење маски и ракавици. На работа се враќаат околу 70.000 од вкупно 690.000 вработени, чии дејности беа стопирани поради карантинските мерки. Грција отвора 27.000 компании од вкупно 260.000. Од почетокот на следната недела ќе бидат отворени поголемите продавници, кафулињата на отворено, додека археолошките музеи, зоолошките и ботаничките градини, ќе бидат достапни за јавноста една недела подоцна, односно од 18. мај. Дури во четвртата фаза, од 1. јунаи се отвораат трговските центри, рестораните и кафеаните, со најмногу четири гости на една маса. Од истиот датум ќе бидат отворени и хотелите.

Во средината на јуни, пак, ќе бидат отворени кината, но и плажите, кои и покрај убавото време се уште се под клуч. И во последната фаза, а тоа е кон крајот на јуни, ќе бидат отворени ноќните клубови и фитнес центрите, кои се затворени простори. Грција е најзагрижена за туристичката сезона, бидејќи се проценува дека дури 65 отсто од хотелите би можеле да банкротираат. Сепак, министерот за туризам, Харис Теохарис вели дека а најважно што побрзо да се донесат заеднички правила на европско ниво и да се прецизира како и кога ќе може да се патува.Со земјите, кои не се членки на ЕУ, пак, најверојатно ќе се прават билатерални договори за влез во земјата.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)