19 Јануари, 2025
0.0252

ПЛАТИТЕ ИМ ОСТАНУВААТ НА ИСТО НИВО, НО ВООПШТО НЕ СЕ ЗА ПОТЦЕНУВАЊЕ – Агенцијата за пошти бара зголемување на бројот на вработени

Објавено во: Економија 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Вработените во Агенцијата за пошти на Македонија иако се малку на број уживаат солидни бенфити, барем кога е платата во прашање. Податоците од годишната програма за работа на Агенцијата открива дека 16-те вработени, колку што се наведени на веб страната на ова тело имаат нето плати кои грубо се движат над 1.300 евра месечно.

Бројките говорат дека вработените на тело кое е надлежно да ги контролира компаниите кои вршат испорака на писма во Македонија, можат да бидат задоволни од примањата со оглед дека вкупната сума упатува на солидни примања.

Но, да одиме со ред. Годишната програма на Агенцијата открива дека за плати за вработените за следната 2025 година се планирани 24.500.000 денари. Кога вкупната сума ќе се подели на 12 месеци, на 16 вработени ќе се види дека тоа се грубо благо над две илјади евра, но тука е вклучена и сумата за здравствено и социјално осигурување, секако и за пензиско.

-  Расходите за плати се планирани во износ од 24.500.000 денари. Расходите за плати ги вклучуваат платите на Директорот и вработените во стручната служба на Агенцијата за пошти. Планираниот износ на оваа расходна ставка е еднаков со планираниот износ во 2024 година и оттука, не се менува Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на основната плата на вработените во Агенцијата за пошти, која е одобрена од страна на Собранието на Република Македонија– се појаснува во програмата испратена до Собранието на Македонија.

Бројките откриваат дека само за плати за вработените се планирани 16.100.000 денари, со што пресметките покажуваат дека 16-те вработени, вклучително и директорот во Агенцијата делат грубо по 1.500 евра месечно. Сепак, со оглед на фактот дека во сите компании има систематизација на работните места, очекувано е дека не сите вработени имаат еднакви плати, туку дека раководителите имаат повисоки плати, а дел од вработените пониски.

Според податоците од програмата на Агенцијата и недостигаат вработени, па затоа се предлага ангажирање на дополнителен кадар.

-  Поради активностите предвидени во стратешките документи и исполнување на барањата на поштенскиот пазар кој се развива секојдневно, Агенцијата за пошти има потреба од ангажирање на дополнителен стручен кадар кој ќе помогне во извршување на  законските надлежности на Агенцијата и одржување на работната ефикасност– стои во документот.

Програмата на Агенцијата открива дека следната година се планира да се соберат вкупно 40 милиони денари по разни основи, од кои најголем дел се сопствени приходи, дел се пренесени средства од претходната години, но и од разни камати.

Од друга страна, кај расходите, очекувано најголем ставка се платите и надоместоците, но дополнително се планираат средства за потрошни материјали, за енергија, за други услуги, за транспортни услуги, за реклами, за осигурување, за службени патувања, но и разни трошоци за вработени, за членарини, за интелектуални услуги...

П.О.

Фото: Принтскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

НА ХРВАТСКИТЕ ГРАЃАНИ ИМ „ЗБОКТИСА“ ОД ВИСОКИТЕ ЦЕНИ: „Ајде на 24 јануари да не купуваме ништо, ама буквално ништо“

НА ХРВАТСКИТЕ ГРАЃАНИ ИМ „ЗБОКТИСА“ ОД ВИСОКИТЕ ЦЕНИ: „Ајде на 24 јануари да не купуваме ништо, ама буквално ништо“

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ПОПУЛАРНИОТ ДИСКОНТ: Алди суд ги исфрла овие производи од својот асортиман

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ПОПУЛАРНИОТ ДИСКОНТ: Алди суд ги исфрла овие производи од својот асортиман

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА: На потрошувачите јасно им се кажува „Не го користете овој производ“

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА: На потрошувачите јасно им се кажува „Не го користете овој производ“

ЛЕКАРИТЕ ОБЈАВИЈА: Познато е од што почина директорот на градежниот концерн

ЛЕКАРИТЕ ОБЈАВИЈА: Познато е од што почина директорот на градежниот концерн

ПРИВЛЕКУВА СЀ ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ - еве зошто апликацијата RedNote стана нов голем хит

ПРИВЛЕКУВА СЀ ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ - еве зошто апликацијата RedNote стана нов голем хит

ПОЧИНА ДИРЕКТОРОТ НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ: Австриската компанија во шок

ПОЧИНА ДИРЕКТОРОТ НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ: Австриската компанија во шок

ДАЛИ „МИМ“ ЌЕ ГО БРАНУВА КРИПТО ПАЗАРОТ? Трамп ја објави неговата криптовалута

ДАЛИ „МИМ“ ЌЕ ГО БРАНУВА КРИПТО ПАЗАРОТ? Трамп ја објави неговата криптовалута

ПРОДОЛЖУВА ТИВКАТА ВОЈНА: Фицо и се заканува на Украина - тоа е штета за цела Европа, ќе преземеме мерки

ПРОДОЛЖУВА ТИВКАТА ВОЈНА: Фицо и се заканува на Украина - тоа е штета за цела Европа, ќе преземеме мерки

ДИЗЕЛИТЕ НЕ ПАЃААТ ОД ПОПУЛАРНОСТ: Дури и Германците се на неславната листа, а каде најмалку возат?

ДИЗЕЛИТЕ НЕ ПАЃААТ ОД ПОПУЛАРНОСТ: Дури и Германците се на неславната листа, а каде најмалку возат?