Плата од 500 евра газдата го чини 750 - давачките превисоки за малите фирми
Објавено во: Финансии 05 Декември, 2019
Плата од 500 евра која фирмата му ја дава на работникот, всушност газдата го чини 750, бидејќи давачките кон државата изнесуваат 250 евра. Овој трошок е превисок, особено за малите фирми, алармираа вчера од Комората на сметководители.
За фирмите, како што нагласија, проблем се и честите промени во даночната регулатива, кои се прават без консултации со стопанството.
А од стартот на идната година ќе се зголемат стапките на придонесите за нови 0,5 отсто, па фирмите ќе треба да плаќаат 18,8 проценти за пензиско осигурување и 7,5 отсто за здравствено. Или, според сметководителите, за една година трошоците за придонеси пораснале за еден процент.