ПЛАСТИКА, АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ: По поплавите Неретва е полна со смет
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2024
По поплавите во Босна и Херцеговина(БиХ), куп ѓубре лебди во реката Неретва.
Пластика, апарати за домаќинство, градежни материјали и други предмети пловат во реката. Отпадот се трупа во хидроцентралата Грабовица.
Тимот на Федералниот инспекторат за води на БиХ објави соопштение во кое се осврнува на чистењето од седименти и заканата од акумулации во долината Неретва.
Во поплавата загинаа најмалку 20 луѓе. Во БиХ денеска е Ден на жалост.