11 Јули, 2020
0.0280

ПЛАНИРАВТЕ ДА ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА СО АВТОМОБИЛ? - еве што не сте знаеле, а треба

Објавено во: Балкан 25 Мај, 2020

Секој што ќе реши летово да патува во Грција на море, мора да знае дека не може да влезе во оваа земја ако има повеќе од двајца возрасни во автомобилот (возач и еден патник), се најновите здравствени регулативи на грчкото Министерство за туризам!

Единствен исклучок ќе бидат семејствата со малолетни деца, кои ќе можат да патуваат заедно. Пропишани се и строги мерки за автобуси, во кои бројот на патниците ќе се намали за 50 проценти, односно секое второ седиште ќе мора да биде празно, пишува Курир.рс.

За работите да бидат уште полоши, туристите ќе мора да носат заштитни маски за време на патувањето, а климатизација во автобусите нема да биде дозволено да се вклучи.

Според новите грчки регулативи, патниците во автобусите ќе седат сами на две места за да ја почитуваат „социјалната дистанца“.

Така, на автобусите со 50 места ќе им биде дозволено да превезуваат максимум 25 патници, додека на автобусите кои имаат горен спрат ќе им биде дозволено да превезуваат 35 наместо 70 патници.

Исто така, во автобусите е пропишано да се носат заштитни маски за време на целото патување. На вратата мора да се обезбеди дезинфекција за патниците и персоналот и се препорачува инсталирање на екраните Плексиглас за да ги задржат возачите целосно одвоени од патниците.

Според новите регулативи, на возачите на автобуси нема да им биде дозволено да ги вклучуваат климатизерите, но возилото ќе биде природно проветрено со отворање прозорци или подвижни покривки во текот на целиот пат.

Можеме само да замислиме како ќе изгледа во јули и август кога температурата ќе достигне и над 30 степени ноќе.

Ригорозните мерки ќе треба да се почитуваат и во комбиња и минибуси. Според прописите, со возила кои имаат седум места, максималниот број патници ќе биде два плус возачот!

Возилата со девет седишта ќе можат да примат уште тројца патници покрај возачот. Нема сомнение дека ваквите ограничувања на патувањето значително ќе ја зголемат цената на туристичките аранжмани за Грција.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕКАМЕ ЕДЕН ПАЦИЕНТ ДА ЗАМИНЕ, МЕНУВАМЕ ПОСТЕЛНИНА И ВЕДНАШ ПРИМАМЕ НОВ - во Србија нема место за болните

ЧЕКАМЕ ЕДЕН ПАЦИЕНТ ДА ЗАМИНЕ, МЕНУВАМЕ ПОСТЕЛНИНА И ВЕДНАШ ПРИМАМЕ НОВ - во Србија нема место за болните

ДРАМА НА СРПСКО СЕМЕЈСТВО НА ТАСОС - детето имало болки во стомакот, еве што откриле

ДРАМА НА СРПСКО СЕМЕЈСТВО НА ТАСОС - детето имало болки во стомакот, еве што откриле

НИКОЈ НЕ СЕ СПАСИ ОД ВТОРИОТ БРАН - балканските држави избројаа рекордни новозаразени

НИКОЈ НЕ СЕ СПАСИ ОД ВТОРИОТ БРАН - балканските држави избројаа рекордни новозаразени

ИМ ГО ВИДОВМЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ, ПОЧНАА ДА СЕ ТЕПААТ МЕЃУ СЕБЕ - Вучиќ за протестантите

ИМ ГО ВИДОВМЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ, ПОЧНАА ДА СЕ ТЕПААТ МЕЃУ СЕБЕ - Вучиќ за протестантите

ХАОС ВO БЕЛГРАД: Демонстранти ја напаѓаат полицијата, едно лице е повредено со нож

ХАОС ВO БЕЛГРАД: Демонстранти ја напаѓаат полицијата, едно лице е повредено со нож

БЕЛГРАД: Демонстрантите почнаа да влегуваат во зградата на српското собрание

БЕЛГРАД: Демонстрантите почнаа да влегуваат во зградата на српското собрание

УНЕСКО, Грција и Русија се побунија за Аја Софија

УНЕСКО, Грција и Русија се побунија за Аја Софија

Во Црна Гора короната зема замав

Во Црна Гора короната зема замав

БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА: Србија е трета во Европа

БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА: Србија е трета во Европа