Пирати киднапираа брод на кој имало и Срби
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2019
Пирати киднапираа брод во Гвинејскиот Залив, a во екипажот имало и Срби.
Екваторијална Гвинеја информираше дека пирати киднапирале седум луѓе од разни националности во Гвинејскиот Залив, меѓу кои и Срби.
Пиратите во средата го нападнале бродот за снабдување на компанијата „Ексон мобајл“, во близина на нафтеното поле Зафиро, објави АП.
На бродот имало 15 членови на екипажот по потекло од Јужна Африка, Филипините, Србија и од Камерун.