29 Март, 2024
0.0307

ПИЈАТ, ПУШАТ, СЕ ХРАНАТ НЕЗДРАВО А ЛЕСНО ДОЖИВУВААТ 100 ГОДИНИ: Ова село е мистерија за научниците

Објавено во: Стил 15 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Оддалеченото село Ачароли во јужна Италија е познато по големиот број на возрасна популација и покрај пушењето и дебелината, а токму нивната долговечност е загатка која ги збунува научниците - во што се крие нивната тајна?

Поминале повеќе од 4000 години откако Гилгамеш, кралот на Урок, тргнал во потрагата за бесмртноста. Уште од тогаш човечката фасцинација со вечниот живот, или барем што подолго е можно, не се намалила.

Научната заедница уште троши големи пари и ги анализира факторите кои допринесуваат за подолг живот, а токму затоа ги привлекла малата италијанска заедница каде повеќето жители добро живеат во својата 10 деценија од животот пред смртта.


Ачароли се наоѓа во покраината Кампанија, околу 140 км јужно од Наполи.

-Бев на плажа во Ачароли и видов луѓе во 90-тите години од животот како уживаат сончајќи се на плажа и пушат, додека нивните стомаци изгледаат како да се во деветиот месец од бременоста-рекол американскиот кардиолог Алан Мајсел за Њујор пост.

Ова се противело на се во што верувал, но и ги учел другите со години - за долг живот внимавај на линијата, избегнувај ги пороците и сонцето. Луѓето од Ачароли, од друга страна живеат во контраст со овие правила, но стареат импресивно. Во селото има околу 2000 жители од сите возрасти, а меѓу нив се и 300 од нив кои живеат подолго од 100 години и дури 20 отсто од оние кои го прославиле 110 - от роденден - па и повеќе.

Освен тоа, Мајсел со своите колеги направил истражувања кои докажуваат дека имаат мала стапка на заболени од Алцхајмер и срцеви болести - и покрај сите оние цигари и вино. Големата студија со која се истражува долговечноста на тие луѓе сега е во завршна фаза, а научниците се надеваат дека генетските тестирања ќе откријат нешто што би можело да им биде од полза на сите луѓе ширум светот да живеат подолго.


Во текот на своето истражување, Мајсел открил некои интересни траги кои секако имаат значаен дел во нивната долговечност. Овие две намирници многу често ги конзумираат сите жители на селото и би можело да се каже дека се база на нивната исхрана. Рузмаринот научниците потврдено го поврзуваат со редукцијата на ризикот од Алцхајмерова болест подобрувајќи ги функциите на мозокот и меморијата.

Сардините од друга страна се рибји лек за сите видови воспаление во ќелиите на телото. Исто така масилново масло јадат со се, а чаша вино се пие со секој оброк. Старците на Ачароли не учат јога, но поголем дел од времето го поминуваат на отворено - движејќи се и дружејќи се. Животот е малку поопуштен, а стресот кој модерната медицина го нарекува токсичен таму скоро и да не постои.