29 Март, 2024
0.0251

ПЕТТИ ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН РАСТ: Која криптовалува го собори сопствениот рекорд, а не е биткоинот

Објавено во: Финансии 05 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Популарноста на биткоинот, дигитална паричка која сега вреди околу 58.300 долари, е добро позната, но сигурно не е единствената со потенцијал на пазарот на криптовалути.

Далеку од тоа, во моментот, но со се повеќе обожаватели, е втората најпопуларна криптовалута - етереум - која вчера се искачи повеќе од 6 проценти, на нов рекорд од 2.123 долари. Потоа падна малку, и сега е на 2.049 американски долари.

Тоа беше исто така петти последователен раст на овие дигитални пари, што ги создаде канадско-рускиот програмер Виталик Бутерин во 2015 година. Која е причината за скорешниот скок? Одлуката на Виза да ги олесни трансакциите на USD coin, на мрежата на блокчеин Етереум.

Етер, матичната крипто валута за Етереум, оваа година скоро ја зголеми тројно својата цена. Значи, позитивните трендови на пазарот на дигитални пари не се рефлектираат само во биткоинот. Со него веќе е можно да се плати многу работи: од кафе до автомобил „Тесла“, но прашање на време е кога ќе му се придружи етереум.

Гигантот со картички веќе започна пилот програма за плаќање по оваа алтернативна рута. USDC е нова валута, т.н. крипто долар, чија вредност е фиксирана за курсот на доларот. Потегот на Виза следеше по реакциите од други компании како што се Мастеркард, БНИ Мелон и Блек Рок.

Покрај тоа, на етериумот му беше даден „ветер одзади“ од американскиот бизнисмен Марк Кубан, водителот на емисијата „Shark Tank“ на Ци-Ен-Би-Си и сопственикот на професионалниот кошаркарски тим „Dallas Mavericks“, кој во неодамнешната епизода рече дека е оптимист во врска со крипто-валутите.

Тој исто така го спомена и биткоин,от но го акцентираше етериумот, велејќи дека тоа е „најблиску до вистинската валута“.

Можеби ќе ве интересира

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“