29 Март, 2024
0.0234

Петнаесет години на самиот врв: Samsung прогласен за водечки производител на телевизиски технологии

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Според резултатите од истражувањето на глобалниот пазар кое го спроведе компанијата Омдија, Samsung Electronics ја задржа титулата водечки производител на телевизиски технологии, веќе петнаесетта година по ред.

Најновите податоци покажуваат дека компанијата Samsung остварила 31,8 проценти удел на глобалниот пазар на телевизори во четвртиот квартал во 2020 година, што е приближно со годишниот удел на пазаротминатата година од 31,9 проценти.

Водечките позиции на пазарот допринесоа за иновации за супериорно визуелно искуство, проширување на QLED линијата на телевизори, водечки решенија во областа на ултра-широкитехнологии за екрани од 75 инчи и повеќе, претставување и проширување на Lifestyle портфолиото, како и досега невидени технологии на пазарот создадени од компанијата.

„На корисниците им е потребен разноврсен телевизор кој ги обезбедува сите можности за забава, поврзување со најблиски, работа, тренинг и оржување на кондиција, но и многу повеќе од тоа. Многу сме горди на довербата што корисниците ја имаат во нас и на нашите технологии, што се главниот двигател на мисијата за создавање неверојатни иновации и решенија кои ги задоволуваат сите потреби на корисниците од модерната ера.“, рече Jong-hee Han, претседател на одделот за визуелно работење во компанијата Samsung Electronics.

Во 2021 година, Samsung очекува да ја задржи титулата водечки производител на телевизори воведувајќи нови иновации во овој сегмент, како и вметнувајќи технологии специфични за оредените модели преку сите достапни серии. Големиот фокус ќе биде кон проширување на можностите на најновите Neo QLED серии на телевизори, како и Micro LED и Lifestyle моделите преку долгорочни програми за развој. Во наредните години, Samsung исто така ќе продолжи да инвестира во R&D секторот и други клучни производи, за да се зајакне јадрото на технолошката понуда на компанијата.

За повеќе информации за Samsung телевизорите посетете ја https://www.samsung.com/rs/.

###

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областите на телевизиските апарати, паметните телефони, носечките уреди, таблети и дигитални домашни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com.


ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија