29 Март, 2024
0.0266

ПЕТАР БОГОЈОСКИ: Тоа што им дадовме МК пасоши на белосветски преваранти ќе не затвори во нов визен режим

Објавено во: Македонија 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Фалсификуваните пасоши ќе не затворат во нов визен режим, но и тоа докажува дека не сме способни да преговараме со ЕУ.
Ова го вели политичарот Петар Богојоски, лидер на Македонски концепт, преку фејсбук статус.
„СКАНДАЛ СО МК ПАСОШИ!!! Не сум сигурен дали во целост ја разбираме димензијата на скандалот со МК пасошите?!? Тие се дел од ЕУ системот, поради што добивме визна либерализација!

Фалсификување на идентитет и доделување на МК пасоши на белосветски преваранти, не само што ќе не затвори во нов визен режим, туку докажува дека не сме способни да преговараме за членство со ЕУ! Им ги потврдивме аргументите на нашите душмани!!! Македонија е ставена на пиедесталот на срамот!

РЕШЕНИЕ!!!

Отварање итна истражна постапка за Гордана Јанкуловска, Митко Чавков, Оливер Спасовски, од страна на Еуропол, и на суспензија од било какво влијание врз Министерството за внатрешни работи !!!

Истражната постапка во земјава и странство да ја води ЕУРОПОЛ, без учество на криминализирани структури на МВР, кои всушност треба самите на себе да си прават контрола за криминалот кои сами го организирале! Ова лудило мора да престане со меѓународна поддршка!!!

Ние живееме во латиноамериканска Колумбија, а не во европска Македонија!

Итно расформирање на длабоко криминализираното и декадентно МВР во повеќе Агенции и Директорати кои ќе ги преземат овластувањата од таа област, меѓусебно ќе се контролираат и ќе обезбедат професионално извршување на одговорноста за која се надлежни. ЕУ во Македонија да извести за одлучноста на Владата да расчисти со криминалот во МВР (Министерство за организирање на криминал), ама оваа пустава наша Влада да покаже таква одлучност сега и веднаш без одлагање!!! Да појасни дека ќе биде голема неправда да се казнат сите чесни МК граѓани поради грешките на малкумина криминалци кои раководеле со системот за издавање на МК пасоши!

Во иднина МК пасоши да се издаваат под строга супервизија на Интерпол и Еуропол, со цел да ни помогнат да се избориме со мафијата / бандитите во нашата администрација! Очигледно сами не сме способни, а дел од народот упорно гласа за таа багра со децении, за ситни привилегии!

Или ќе направиме држава сега, со помош на ЕУ и НАТО, или нема да ја имаме за кратко!!!“, пишува Богојоски. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење