08 Декември, 2024
0.0449

ПЕТАР АНДРЕЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ: Го купивме Иново брокер, потребна ни е брокерска куќа

Објавено во: Финансии 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Осигурителното брокерско друштво ВФП АД Скопје е новиот сопственик на брокерската куќа Иново Брокер. Таа беше купена за сума од близу 89 илјади евра. 

Вчера на Берзата беше објавена блок трансакција со акциите на Иново Брокер АД Скопје, на која се продадоа 90,57 проценти од акциите на ова брокерско друштво. Објавено е дека станува збор за продадени 6.340 акции, по цена од 862 денари за акција, што значи дека вкупната вредност на трансакцијата е 5,47 милиони денари, или прецизно 88.863 евра. Инаку, номиналната вредност на овие акции била 25 евра.  

Комисијата за хартии од вредност во септември оваа година даде согласност друштвото ВФП и Петар Андреевски да стекнат квалификувано учество над Иново Брокер. Досега ова друштво Иново брокер имаше бугарски капитал, а сега преминува во рацете на ВФП АД Скопје.  

„Комисијата за хартии од вредност им даде согласност на Друштвото ВФП АД Скопје и на физичкото лице Петар Андреевски  да стекнат квалификува­но учес­тво во  Брокерската куќа Иново брокер АД Скопје. Комисијата заклучи дека Друштвото ВФП АД Скопје и лицето Петар Андреевски ги исполнуваат законските услови за акционери со квалификувано учество во Иново брокер и не претставуваат ризик за сигурното и стабилното функционирање на брокерската куќа“, се вели во објавата која ја издаде КХВ на 12 септември оваа година. 

Фактор вчера разговараше со Петар Андреевски, извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент, кој ја потврди трансакцијата, а за нашата редакција ги открива и целите за купувањето на Иново Брокер.

„Компанијата е преземена и во иднина ќе биде управувана од нас. Нашата групација немаше во своето портфолио брокерска куќа, а факт е дека ние сме етаблирани на пазарот. Со оглед што и кај нас се менува законската регулатива, а поучени од искуството од Европската унија, со цел да го задржиме пазарното учество, потребна ни е брокерска куќа, или по ново според законот, тоа ќе се нарекува инвестициско друштво. Позитивно сега ќе биде тоа што на нашите клиенти кои се во друштвото за управување со инвестициски фондови, околу 10.000, ќе им се овозможи да тргуваат со хартии од вредност и на Македонската берза преку Иново Брокер, додека, пак, од друга страна, на клиентите на Иново Брокер ќе им овозможиме да купуваат удели во инвестициските фондови на ВФП Фонд Менаџмент. На овој начин ги утврдуваме нашите позиции, и со ова ја потврдуваме посветеноста на WVP Групата да остане трајно во Македонија“, изјави Петар Андреевски за Фактор.

Инаку, ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, друштво за управување со отворени инвестициски фондови, е дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија. WVP како групација, како што е наведено на нивната веб страница, е пионер во полето на напредни финансиски услуги, застапена на просторот на цела Источна Европа. Основана во 1985 година во Грац, Австрија, својата иновативност ја промовира и надвор од границите на Австрија каде што прераснува во препознатлив бренд со докажана доверба. WVP Group е лидер во посредување и продажба на осигурителни и финансиски продукти во 15 земји во Централна и Југоисточна Европа со повеќе од 30 години искуство. Приказната на WVP Group во земјава почнува во 2005 година преку Осигурително брокерското Друштво ВФП АД Скопје. Друштвото има над 90 брокери, а воедно во 2017 година има најзначајно учество во вкупно направените полиси за животно осигурување во Република Македонија.

Успехот на оваа компанија претставуваше основа за почетокот на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје во 2014 година.

За ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје се наведува дека се друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, кое почна со работа во септември 2014 година. Почетниот капитал на Друштвото изнесува 525.000 евра, поделен на 525.000 обични акции со номинална вредност од 1 евро по акција. Акционери на Друштвото се: ВФП осигурително брокерско друштво АД Скопје, Петар Андреевски, Артон Лена, Руперт Стробл, Сузана Ѓукиќ и Блаже Петрески.

Друштвото има едностепен систем на управување - Одбор на директори. Мандатот на членовите на Одборот трае 3 години, а сегашниот состав на Одборот на директори е Петар Андреевски, главен извршен директор, Андријана Поповска, извршен директор, Руперт Стробл, претседател на Одбор на директори и неизвршен член, Блаже Петрески, неизвршен член, и Стефан Вили Сајбл, независен и неизвршен член.

Работи кои ги врши друштвото се управување со имотот на инвестицискиот фонд, рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели во отворените инвестициски фондови, односно акции во затворените инвестициски фондови и административни работи кои се однесуваат на водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи, воспоставување и одржување на односи со вложувачите, утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и пресметка на цената на уделот, усогласување на работењето на друштвото за управување со законите и други прописи, објавувања и известувања на акционерите и сопствениците на удели, распределба на добивката на инвестицискиот фонд, издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови, како и водење регистар на сопствениците на удели, односно акционерите.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“