ПЕТ ПОТРЕСИ ВО БиХ: Повредени се двајца работници
Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2019
Во текот на денот имало пет земјотреси во Босна и Херцеговина.
Три потреси биле со јачина од 3.4 степени, еден од 5.4 и еден од 3 степени.
Најсилниот земјотрес бил со епицентар на 79 км од Сараево, вториот од 3.4 степени бил со епицентар на 10 км од Невесиње, третиот со јачина од 3 степени е на 9 км од Благај, и потресот од 3 степени е на 8 км од оваа место, а последниот земјотрес денеска има епицентар на 11 км од Столац.
Двајца работници се полесно повредени во Мостар.
Како што е потврдено од градежната фирма која е задолжена за реновирање на згради, едниот од работниците се здобил со лесни повреди, а другиот се повредил при скок од скелето. На двајцата им е укажана лекарска помош.
Смртоносен земјотрес ја погоди Албанија, а имаше и повеќе афтершокови.
Има повеќе од 18 жртви.