Пет хеликоптери полетуваат кон Пехчево, Ангелов во еден од нив ќе го пренесува гаснењето на пожарот ако има услови
Објавено во: Македонија 05 Август, 2021
Пет хеликоптери во овој момент ќе полетаат кон Пехчево, соопшти директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Утринава беше испратен само еден со цел да направи извидување на состојбата, а како што напиша на Фејсбук Ангелов, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар.
„Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух“, напиша на Фејсбук Стојанче Ангелов.