ПЕТ ДЕНА ПОВЕЌЕ ОДМОР ОД ДРУГИТЕ - еве како германски газда ги мотивира вработените да се откажат од лоша навика
Објавено во: Свет 28 Септември, 2020
Германски угостител им дал на своите вработени кои не пушат цигари, пет дена повеќе одмор во споредба со пушачите.
„Претходно, меѓу вработените имало расправија под мотото „овој оди повторно да пуши“. Ова не е критикувано без врска, бидејќи кога ќе ги додадете сите паузи за пушење, ќе добиете неверојатно време”, објаснил угостителот Хелмут Глас од Нојштад.
Тој вели дека ги ставил своите вработени пред одлука дали да прават трајни паузи за пушење или пет дена повеќе одмор.
Според медиумите, тоа е законски потполно исправно, а неговиот систем наиде на големо одобрување во Германија.
Патем, тој има 12 вработени, од кои пет се пушачи и седум непушачи, исто како него.
Еден вработен рекол дека ќе престане да пуши поради неколкудневниот одмор, но шефот го „уловил“ како пуши во подрумот, па морал да се откаже од одморот.
Готвачот, пак, кој по 15 години сега сака да се откаже од пушењето, сепак храбро се држи до непушачки живот.