Пентхаус во Мајами Бич е најскапиот имот платен во криптовалути
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021
Пентхаус во Мајами Бич вреден 22,5 милиони долари е најскапиот имот платен со криптовалути.
Пентхаусот е на деветтиот кат од градбата која вкупно има 12 ката, а има четири спални соби и четири бањи. Поседува и величествена тераса од скоро 300 квадрати со поглед кон океан.
„Криптовалутите се иднината на богатството, а веруваме дека ова е нов почеток. „Arte“ создаде преседан за оваа продажба, па имавме можност да видиме како изгледаат и колку брзо може да се направи тоа. Горди сме што ги поставивме темелите за овој нов свет“, изјавил Џовани Фашано.
Агенцијата „Arte Surfside“ го продала домот, a купувачот е анонимен.Во меѓувреме, скокна вредноста на биткоинот. Тој вреди повеќе од 40.000 долари.