24 Април, 2024
0.0285

Пендаровски за РТЦГ: ЕУ побргу да ги отвори портите

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стево Пендаровски за Радио-телевизија Црна Гора вели дека не е задоволен од тоа колку брзо земјите од Западен Балкан се движат кон европското семејство, нагласувајќи дека Европа мора да биде поагресивна во врска со прашањето на проширувањето.

Северна Македонија, според нејзиниот претседател, сто проценти се согласува со Црна Гора, кога станува збор за визија за регионот, особено во европската и евро-атлантска перспектива. Иако Европската иднина е единствена алтернатива, одржлива и продуктивна за целиот регион, шефот на државата е загрижен дека во последно време станува маглива, а патот кон европското семејство бавен и несигурен.

"Се надевам дека ќе оди побрзо. Која е пораката за нас кои се уште не сме започнале да преговараме? Ако со Црна Гора се преговара седум години и се уште нема светлина на крајот од тунелот, тогаш што можам да им кажам на моите граѓани во Северна Македонија, колку долго тоа ќе трае кај нас?, 15 -20 години? ", вели Пендаровски во интервју за радио-телевизија Црна Гора.

Иако се очекуваше Македонија и Албанија да ги отпочнат преговорите со ЕУ минатиот месец, на состанокот на лидерите во Луксембург, одлуката беше одложена, бидејќи, како што беше речено, Унијата е поделена по ова прашање.

"Европскиот совет ќе се врати на ова прашање со цел да се постигне јасна одлука што е можно побрзо, а најдоцна до октомври 2019 година,", наведоа министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во заклучоците усвоени на состанокот во Луксембург.

За Пендаровски, по сите пораки што во последно време доаѓаат од Брисел, европската перспектива на земјите од Западен Балкан е нејасна, а патот кон европското семејство бавен и несигурен.

"Сите што тие побараа од нас, се исполнивме, вклучувајќи тешки компромиси, а сега е на Европа ред да го исполни она што го вети", вели Пендаровски.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП