ПЕНДАРОВСКИ ЗА „ЛЕ МОНД“: Направивме нешто што никој друг не го сторил во историјата
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2019
Македонскиот претседател Стево Пендаровски вели дека е подготвен за „вистински промени“, пишува францускиот весник „Ле монд“.
Весникот претседателот го опишува како човек исполнет со надеж дека Европската Унија (ЕУ) сепак ќе ѝ подаде рака на нашата мала земја, но и убеден дека има цврсти аргументи.
„Навистина се чувствува горчина кај населението. Но, тоа не беше одлука на Емануел Макрон, туку на на Европскиот совет“, вели Пендаровски во интервјуто за весникот „Ле Монд“.
Пендаровски во интервјуто вели дека сите биле уверени дека ќе имаме привилегирани преговори поради решавањето на деценискиот спор за името со соседна Грција.
„Сите беа уверени дека ќе имаме привилегирани преговори. Ние направивме нешто што никој друг не го сторил во историјата на модерната дипломатија. Но, дури ни тоа не беше доволно“, изјави претседателот.
Пендаровски во интервјуто вели дека одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон далеку од тоа да претставува навреда за Северна Македонија, туку пред сè таа е критика за функционирањето на Европа и за процесот за интеграција на нови земји членки што се смета за многу строг и бирократски.