28 Март, 2024
0.0293

ПЕНДАРОВСКИ РАЗОЧАРАН: Договорот од Преспа на прво место е поради Европа, и одеднаш никаде ја нема ЕУ

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Maкедонскиот претседател, Стево Пендаровски во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“ изјави дека одлуката во Брисел навистина беше шок за сите, не само за него и за народот, туку и за целата политичка елита. 

Рече дека на лидерската средба сите партии, без разлика дали се од власта или опозицијата биле со исти чувства и став, дека испорачале она што треба. 

Го решивме тоа со Договорот од Преспа и одеднаш Европската унија ни вели ние не сме подготвени, бидејќи пред тоа треба да направиме некои внатрешни реформи. Тоа не беше искрено, ниту праведно за сите што се длабоко инволвирани во овој процес. Сето ова, Договорот од Преспа, сите реформи, но Преспа на прво место е поради Европа. Ние сакаме да бидеме дел од Европската унија. И одеднаш никаде не ја гледаме Европската унија. Никаде ја нема Европската унија“, вели Пендаровски, пренесе МИА.

Она што ќе биде на чекање сѐ додека не започнат пристапните преговори со ЕУ е делот што се однесува на внатрешната и надворешната коресподенција и употребата на новото име, додава претседателот. 

Пендаровски прашан дали му пречи „Северна“ во името на државата, во интервју за „Recite Al Jazeeri“ на „Ал Џезира Балканс“, во кое зборува за разочарувањето од недобивањето датум за почеток на преговорите со Европската унија, рече дека му пречи, но се надева дека со текот на времето ќе се навикне. 

Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Албанија. Тоа е прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија.

Инаку, бура од реакции донесе една изјава на францускиот амбасадор во државатаКристијан Тимоние кој се обиде да ја објасни одлуката на Франција и претседателот Макрон да стави вето за отворање на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?