20 Април, 2024
0.0301

Пендаровски по средбата во Париз: Макрон ќе дојде кај нас следната година

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска по средбата со Емануел Макрон во Елисејската палата во париз рече дека францускиот претседател ќе ја посети Македонија во првата половина од 2020. Тој порачал дека не нуди друга форма како алтернатива за членството на Македонија во ЕУ и дека новата методологија на вреднување за добивање на датум за преговори ќе биде готова до март.

- Разговорот беше отворен, ги слушнав аргументите на Макрон. Јас ги изложив моите аргументи. Расчистена беше ситуацијата по некои точки. Прво, пред една недела започнало разработувањето на методологијата и за месец два ќе биде готова. Тој мисли дека начелно ќе биде усвоена до март и таа ќе биде новата ревидирана методологија. Второ: Му реков дека ние не би се согласиле со никаква друга алтернатива освен членство. Тој прецизно ми рече дека никогаш не била негова намера да ни дава алтернатива. на полноправно членство, туку само да го подобри процесот за да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси кај земјите-кандидати. Јас реков дека ние сме комплетно позади принципот на реверзибилност. Му реков дека ако сакаат и како полноправна членка нека не исклучат од ЕУ ако сметаат дека не сме направиле нешто, рече Пендаровски во Париз.

Според Пендаровски, Франција веќе поднела неформален предлог (нон-пејпер) до земјите членки на ЕУ за реформата на методологијата на пристапните преговори за членство, реформа која Макрон ја бара пред да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија.

Пендаровски вели дека Макрон му рекол дека би можело да се очекува конечно одлука за отворање преговори во мај на Самитот во Загреб, но не му дал гаранции дека таа одлука ќе биде позитивна.

– Сите опции се отворени со тоа што Макрон на средбата децидно кажа дека одлагањето е затоа што на ЕУ и треба повеќе време. Тој ми рече „моја стара заложба е продлабочување на ЕУ и промена на методолгијата, знам дека можат да одат паралелно, вие сега сакате само отворање, тоа ми е јасно“, му рекол Макрон на Пендаровски и во ниту еден момент не му споменал дополнителни реформи, ниту законот за обвинителство како услов за отворањето преговори.

Претседатело на маргините на Парискиот мировен форум оствари средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со австриската канцеларка Биргит Бирлајн.


Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите