Пендаровски не може да поверува што се случи со Јанева
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019
Шефот на државата, Стево Пендаровски вечерва во Отворено на ТВ 24 изјави дека не може да поверува дека поранешната јавна обвинителка, Катица Јанева која имаше историска шанса да се справи со криминалот, ја прокоцка шансата.
Вели дека таа имала голема поддршка и од меѓународната заедница, историска шанса во историски момент, но не ја искористила.
Пендаровски вели дека за идните избори граѓаните ќе одлучат кому да му ја дадат довербата врз основа на тоа дали џебот им е полн, но рече дека ќе имаат и предвид дека ако некој спречил да се крадат милиони евра.
Претседателот изјави дека францускиот претседател, Емануел Макрон со него на средбата во Париз, не бил дециден дали во Загреб на пролет Македонија може да добие датум за преговори.