24 Април, 2024
0.0354

Пендаровски: Македонија е на сам праг за влез во НАТО

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Шефот на државата Стево Пендаровски очекува на крајот од оваа година или најдоцна до првиот месец од следната година земјава да биде рамноправна членка на НАТО.

„ За разлика од многумина кои мислат дека станува збор само за организација што се грижи за безбедноста и без какви било последици во останатите области, јас не се согласувам. Не постои ниту една држава во светот која има добра економија, која не е асоцирана во поголемите организации од овој тип, особено не во Европа. Со влезот во НАТО ќе бидеме и 100 % заштитени од конфликти, а познавачите знаат дека доколку нема конфликти економскиот бизнис ќе се одвива нормално, бидејќи и при најмал конфликт прво засегнат е бизнисот“, потенцираше Претседателот.

Претседателот на својата прва средба со членови на Стопанската комора на Македонија истакна дека ЕУ ги засилува критериумите од година во година за пристап кон Унијата, односно после секоја ново примена членка наредната поминува построги критеримуи за влез.

„Без бизнис заедницата нема да има успешни преговори со Европа, таа треба целосно да се вклучи во претстојниот преговарачки процес“, смета Шефот на државата.

Според Пендаровски повеќе од половина членки на Алијансата ги потпишаа ратификациите за членство на земјата во НАТО, и бидејќи е останат само техничкиот дел од процесот очекува истиот да продолжи да се одвива нормално, да нема никаков застој, односно да нема политички проблеми.

Претседателот Стево Пендаровски на својата прва средба со стопанственици потенцираше дека за секоја тема, проблематика, состојба во државата како шеф на државата ќе има секогаш свое видување, мислење, разговори, насоки.

Пендаровски потенцираше дека бизнис заедницата е многу битен сегмент во државата, и затоа ќе ги слуша барањата на компаниите и онаму кадешто може да делува ќе дејствува  и помогне, но сепак ингеренциите на Претседателот се ограничени и дел од нив се одвиваат по закон.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП