28 Март, 2024
0.0248

Пендаровски: Им благодарам на Бугарија и Турција за помошта во ембаргото

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски за БГНЕС во своето прво интервју за една бугарска телевизија рече дека се уште не може да си објасни како Скопје и Софија не се поврзани преку Коридорот 8 и за патување од 220 километри се потребни три и пол часа.

Тој додаде дека за истото растојание од Скопје до Солун се патува за час и половина и дека се надева дека поврзувањето инфраструктурно помеѓу Македонија и Бугарија ќе напредува со договорот за добрососедство постигнат помеѓу премиероте Зоран Заев и Бојко Борисов.

„Признанието за независност на Македонија во 90-тите беше јасно признание од претседателот Жељу Желев и помошта што ја добивме откако Грција воведе ембарго за една и пол година. Потоа, според Светската банка, нашата економија изгуби околу 60% од БДП. Не можеме да заборавиме на пријателската помош на Бугарија и Турција, која ни ја пружаа тогаш по Коридорот 8, кој никогаш не заврши и тоа е наша вина, а не ваша. И сакам да кажам дека во таква атмосфера не беше лесно да се склучи таков договор. Беше тешко. И, иако овој договор беше 90% истиот договор од премиерите Љубчо Георгиевски и Иван Костов во 1999 година, тешко беше да се објасни политички за нашата јавност, која беше навикната да чека само непријателски активности од Софија. Ова е голем кредит и на Борисов и на Заев во овој момент“, рече Пендаровски во интервјуто.

Шефот на државата додава дека е голем срам, соосбено за сите досегашни власти, што дозволиле двете земји да бидат несоодветно поврзани кога станува збор за инфраструктурата.

„Доколку двата коридори створат 100% од нивниот капацитет, ова значително ќе придонесе за економскиот развој на земјата. Тпа гарантирам. Јас не го оспорувам безбедносниот аспект. Во 1992-1994 година, ни беше изречена блокада. Без помошта на пријателските земји, ќе умревме економски и како земја ќе бевме сериозно дестабилизирани. Економски, ние си нанесуваме голема штета, затоа што вие имате други коридори по кои се поврзувате со остатокот од светот, вклучително и со Европа, што ние ги немаме. Немаме пристап до морето. За последните 30 години, нешто е започнато, но не е завршено. Ова е срам за сите нас што во последните 30 години сме на власт во Скопје“, додава Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?