29 Март, 2024
0.2595

Пендаровски и се улижува на Германија: Претседателот бомбардиран со остра реторика и од српскиот колега Вучиќ

Објавено во: Македонија, Балкан 16 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјавата на претседателот Стево Пендаровски која се однесува на корекција на границите меѓу Србија и Косово, ја оцени како „обид за улижување на Германија“.

-Ги разбирам сите кои вака постапуваат, но Србија никогаш нема да го признае Косово. Позицијата на Србија не е лесна, но Пендаровски само ја повторува изјавата на Хајко Мас, германскиот шеф на дипломатијата, изјави претседателот Вучиќ.

- Единствено што го замолив Пендаровски на инаугурацијата: Сите односи ни се добри, економските, трговските, македонскиот и српскиот народ се исклучително блиски, така му реков и како Бог го замолив со зборовите: Веќе направивте нешто што многу земји поинаку би го протолкувале. Гледајте за тие теми да не зборувате, тоа не е ваша работа, а кога тоа го правите, размислете дека постојат и други кои размислуваат сосема поинаку. Се разбира, постапено е сосема спротивно на тоа што зборувавме. Сосема спротивно и на мојата молба, тие прават се само за да се истакнат во нивното „улижување“ на Германија по кој знае кој пат. Разбирам дека тоа е така, бидејќи ако некој е доминантен тоа е секако Германија, и многумина од регионот постапуваат така. Но, јас нема да се додворувам ниту на сопствениот народ, а посебно не на претставнивците на другите народи. Кога тие говорат дека ја разбираат Србија и луѓето во Србија, кога кажуваат дека нема територијални промени, да знаете дека лажат. Во превод и Лајчак и Мас и Пендаровски, ќе соберат така уште тројца-четворица, и целта е Србија да го признае Косово. Се разбира, ние нема да го направиме тоа, изјави денеска Вучиќ.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница