24 Април, 2024
0.0374

Пендаровски денеска на средба со Макрон и прв вистински претседателски испит

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Македонскиот шеф на државата Стево Пендаровски денеска ќе оствари средба со францускиот претседате Емануел Макрон во Елисејската плата во рамките на  Парискиот мировен форум. 

Македонскиот претседател ќе присуствува на покана на Макрон заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот на кој ќе се дискутира за глобалните предизвици, а Пендаровски наедно учеството ќе го искористи од прва рака да дознае каква е перспективата на Македонија кога станува збор за отпочнувањето на преговорите со ЕУ и конкретно што ќе значи за официјално Скопје новата методолохија која ја бара Франција од земјите од Западен Балкан.

Според најавите, пораката на македонскиот до францускиот претседател ќе биде дека Македонија нема алтернатива за евроинтеграциите, односно дека не е прифатливо ништо друго како понуда освен членство во ЕУ.

Ова е прв состанок на македонски политичар со Макрон на највисоко ниво по минатомесечниот неуспех на врвот на ЕУ да постигне договор за почеток на преговори за членство со државата, токму поради отпорот на францускиот претседател.

Иако се смета за многу значаен состанок, Пендаровски не очекува дека може многу брзо Макрон ќе се предомисли во својот став, но и дека Македонија е подготвена да прифати каква било методологија што ја бара Париз само да остане во процесот.

„Да сме на чисто, да сме ние на чисто, ние сме мала земја со добри аргументи што ќе му бидат предочени на таа средба. Но, да не одиме со преголеми очекувања зашто никој не може да го разубедува францускиот претседател“, изјави претходно Пенадровски за своите очекувања во Париз..

Иако сега можеби изгледа далеку, од мај идната година кога треба да се одржи Самитот на Европската унија во Загреб, земјава ја дели само половина година. Во политичките кругови засега лебди оптимизмот дека може да се исправи историската неправда и дали шефот на државава ќе успее да го убеди Макрон дека Македонија заслужува да ги отвори преговорите со Унијата, се разбира со ветување дека во претстојниот период ќе се постигне многу поголем напредок на планот на реформите што од нас се бараат. 


Можеби ќе ве интересира

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите