ПЕКОЛНО ЖЕШКО: Во кој македонски град се измерени 42 степени?
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2020
И денеска Македонија е во жолта фаза.
Екстремно високи температури имаше во целата држава.
Температурата во Гевгелија се искачи до 42 степени, а во Демир Капија се измерени 40 степени.
Температурата во Охрид и во Берово била 34, во Претор – 35, во Крива Паланка, во Битола и во Прилеп по 36, во Тетово – 37, во Скопје Петровец, во Штип и во Виница по 38 додека во Скопје Зајчев Рид и Струмица по 39.
Задутре следи промена на времето и пониски температури.
Од недела до вторник времето ќе биде сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за пет-шест степени во однос на денешните.
Повторно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.