19 Април, 2024
0.0280

Пејпер Мил: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна - за пет години инвестиравме 7 милиони евра во технологија, вработувања и развој на бизнисот

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Пејпер Мил од Кочани информира дека откако  Инспекторатот за животна средина со решение и наложи на фабриката работење со користење на метан како единствен енергенс, управата донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време. Во оваа фаза компанијата информира дека 120-те вработени се известени дека не треба да доаѓаат на работа заради прекин на производството, а во тек се правни консултации за понатамоно решавање на статусот на вработените, согласно законите во Република Северна Македонија. При тоа, до донесување на конечните решенија статусот на вработените останува ист, односно тие остануваат вработени во фабриката, со целосно исполнување на законските обврски кон нив, исплата на плата и придонеси.  

„Одлуката за прекин на работењето на Пејпер Мил доаѓа по обемните анализи за состојбата направени од страна на управата, а по последното решение добиено од Инспекторатот за животна средина. Со жалење констатираме дека решението на Инспекторатот е базирано на резултатите на едно од десетиците направени мерења од страна на повеќе референтни и акредитирани домашни и странски лаборатории. Резултатите на единствената лабораторија која детектираше драстично отстапување, а кои ги уважи Инспекторатот доведоа до тоа да на фабриката и се наложи одвивање на производствениот процес само на метан, што во услови на глобална економска криза не обезбедува одржливост во работењето на компанијата.  Одлуката за прекин на работењето на неопределено време воопшто не беше лесна со оглед на вложените инвестиции од 7 милиони евра во изминатите пет години, инвестициите во тек - нарачаната опрема за дополнително унапредување на технолошкиот процес која е планирано да пристигне кон средината на февруари и секако судбината на 120 семејства кои остануваат без својата егзистенција“ – изјави Јулијан Даскалов, Генерален директор на Пејпер Мил од Кочани.

Пејпер Мил од Кочани е единствената фабрика во Република Северна Македонија која рециклира хартија, која ако на почетокот целосно увезуваше хартија за рециклирање, денеска речиси 100 % откупува и рециклира хартија од и во нашата земја. Со прекинот на работењето на фабриката останува неизвесен откупот на хартија за рециклирање во земјата, а фабриката се соочува и со загуби по основ на унапред договорените двомесечни нарачки за извоз на околу 2.500 тони во регионот. Дополнително, освен директните загуби за компанијата и вработените, прекинот на работењето на фабриката индиректно ќе влијае и врз целокупниот синџир на набавки, добавувувачите на фабриката – превозници, снабдувањето со струја, резервни делови и сервис, оператори со стара хартија.  

„Од 2016 година кога ја преземавме фабриката, континуирано вложуваме во технологија, вработувања и придонесуваме во буџетот на државата. Ние  ја рециклираме речиси целата количина на хартија од Македонија и постојано вршиме мерења на квалитетот на воздухот во опкружувањето во кое работи фабриката. Навистина е нејасна одлуката на Инспекторатот со која нé принудуваат целиот процес на производство да го префрлиме на метан, кој патем не е достапен во земјава, па мораме како компресиран гас да го увезуваме чија цена за 5 години порасна речиси двојно. А сето тоа по десетици мерења на повеќе референтни и акредитирани лаборатории кои покажаа дека производството е сосема безбедно за животната средина. Не јасно е зошто Инспекторатот за животна средина одбира да уважи мерења на само една лабораторија, не земајќи ги предвид и игнорирајќи ги резултатите добиени од референтни и акредитирани лаборатории од ЕУ, што е спротивно на конвенциите кои ги има потпишано Република Северна Македонија со ЕУ. Доплнително, исклучително жалиме што наместо да ги продолжиме плановите за повеќе од 40 нови вработувања, инвестиции во посовремена технологија и опрема во вредност од 15 милиони евра, колку што беше предвидено во долгорочните планови на компанијата, едноставно сме принудени да размислуваме за селење на бизнисот на други пазари“ – истакнува Даскалов и додава дека од самиот почеток фабриката работи целосно транспарентно и согласно законите, максимално посветено на соработка со институциите и локалната самоуправа.

Фабрика за хартија во Кочани е една од најстарите фабрики во Македонија, заснована уште во 1963 година. Во составот на UNITRADE CLUSTER со седиште во Бугарија е од 2016 година. Веднаш по нејзиното повторно отварање започна капиталната реконструкција на производствените капацитети. Вложувањата во модернизирање на технологии и процеси во изминатите пет години се 7 милиони евра, со посебен акцент на квалитетот на производите, зголемување на капацитетот и минимизирање на влијанието врз животната средина. Посебен пристап беше направен кон Чистите технологии и адаптација за рециклажа. Фабриката поседува А ИСКЗ дозвола од Министерство за животна средина, како и неколку сертификати за квалитет и екологија. Капацитетот е доволен за рециклажа на целата картонска отпадна хартија на ниво на РС Македонија. Моменталниот капацитет е 14.400 тони годишно, а веќе се направени проекти за тројно зголемување на овој капацитет. 

Со повеќе информации околу следните чекори, Пејпер Мил од Кочани ќе информира дополнително.

Повеќе информации за фабриката се достапни на www.paper-mill.eu .

Сите дополнителни прашања медиумите може да се испратат на office@paper-mill.eu

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“