25 Април, 2024
0.1855

Пазарот на зеленчук и кооперирањето

Објавено во: Колумни 26 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

     Производството на зеленчук е особено важно не само на земјоделството туку за целата македонска економија. За производство на зеленчук се ангажираат 52 илјади ха годишно со тенденција за зголемување. Тие зафаќаат 13% од површините под ораници и бавчи и над 19% од  засеаните површини (2017год.).

         Зеленчукопроизводството е силно разнообразно од аспект на бројноста на производите кои се одгледуваат, големината на стопанствата и на пазарните канали. Климатските промени, масовната појава на болести и штетници, лесто водат до кризи во производството кои се рефлектираат врз понизок доход на земјоделците. Специфичноста на овој сектор во ЕУ била согледана уште пред педесетина години кога е формирана Заедничката организација на пазарот за зеленчук и овошје, а со цел да се обезбеди рамнотежа (баланс) помеѓу побарувачката и понудата на цените кои се праведни за производителите и достапни за потрошувачите.
  Македонија сама ќе мора да изнаоѓа форми и начини за усогласени односи на пазарот што е неопходно во услови на слободен пазар. Меѓутоа може да подржува секоја иницијатива која води до подобро организирање особени на ситните пазарни производители кои се често жртва на неуредни пазарни односи. И во ЕУ се покажало дека најдобар систем за подобрување на пазарната положба производителите на зелечук е “Орагнизација на производителите.”

Принципи и фукции на организација на производители.

Целта на организацијата на производителите е: преку групирање на пазарните вишоци зеленчук, да обезбеди повисоки откупни цени и да се оствари подобар баланс помеѓу понудата и побарувачката.
Со организација на производителите се поставуваат и други под цели:
  -Зголемување на продуктивноста и конкурентската способност во производство на зеленчук.

- Намалување на производните трошоци

-Заштита на вредноста на производството кај неговата побербена обработка (сортирање, пакување, преработка).

-Зацврстување на позициите на одделен производител, на пазарот, како партнер кај побарувачката и понудата

-Гаранција во долгорочниот план за продукцијата предлагана од производителот.

Основна функција на организацијата на производителите е да го собира производството од своите членови и да го предлага на пазарот. Дејноста им е насочена и кај усовршувањето на производниот процес, собирање на информации за површини, производството, обем на продажба.
  Организацијата на производителите овозможува основна помош на членовите кај сортирањето, пакувањето и складирањето на нивното производство, во примената на еколошки усогласена пракса. Организациите можат да создаваат операциони фондови. За нивното користење се разработуваат кокретни оперативни програми, насочени кон подобрување на квалитетот за да се зголеми трговската вредност на продукцијата а со тоа и на продажната вредност.

Организациите на производителите ги признаваат сите членки на ЕУ, ако се усогласени со принципите и критериумите на ЕУ. Основни принципи за градење на организацијата на производителите се: демократичност, доброволно и неограничено членство, членовите се задолжуваат да учествуваат во економските дејности на орагнизацијата, организацијата прелага услови и можности за најголема предост на своите членови, дејности со производители кои не се членови, се дозволени само како дополнение  кон основната дејност на организацијата, практикување на принципи за зајакнување на позициите.

  За организации на производители кои не се усогласени со горните принципи се предвидува преоден период. Најчести видови на организации на производители во Европа се:

     -Организации кои остваруваат трговија со сите видови овошје и зеленчук.
  -Организации специјализирани за трговија само со зелечук
  -Орагнизации за трговија со преработено овошје и зелечук.
  

Користи за членовите на организацијата на производители: 

 -Имаат многу поголеми можности да го проучуваат пазарот, подобро да го планираат и реализираат производството на различни видови зеленчук.
  -Вистински се подобрува врската производител-купувач.
  -Се зајакнуваат нивните позиции при формирањето на откупната цена бидејќи се нудат поголеми серии со предпоставена сигурна гаранција за квалитетот на понудената продукција.

  -Се зголемуваат можностите за откуп и полно користење на специјализираната техника за сортирање и пакување на производите.
  Од гледната точка на пазарот, се постигнува поголема концентрација на производството, постојаност на понудата и заострување на контролата врз квалитетот на понудените производи.

  Ако се имаат предвид сите погоре изнесени предности на организациите на производителите се поставува прашањето: Зошто во Македонија тој систем кај производителите скоро да не постои или ако го има тој е во рудиментирана форма, зошто производителите немаат доверба во него? Сигурно е потребно преиспитување на одредбите од “Законот за задруги” и нивно прилагодување на вистинските можности, сознанија и навики на земјоделските производители во Македонија. Особено е вашно пропагирањето на погодностите и предностите кои се остваруваат преку формирање на Организација на производители, што е задача пред се на институциите поврзани со земјоделството и особено за производителите, што досега не беше доволно за да бидат “сите” земјоделци запознаени со овие погодности. За состојбата, најголем цех плаќаат производителите на зеленчук, но и останатите (сите) земјоделци пазарни производители во Македонија.



Проф.Д-р. Б.Анакиев, Проф.Ромина Кабранова

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок