25 Април, 2024
0.0269

Пазарниот инспекторат со рекордни 11 милиони евра од казни

Објавено во: Економија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Државниот пазарен инспекторат во текот на минатата година издал 2.074 казнени налози во постапка за порамнување во вкупна вредност од повеќе од 11 милиони евра. Извештајот за 2020 покажува дека сумата од 672,2 милиони денари е убедливо најголема до сега и неколкукратно поголема од претходниот рекорд во 2019. Бројката е условна, бидејќи парите допрва треба да се наплатуваат.

Сумата на казните најмногу достигнала во реонот на Куманово, каде што таа е 197,5 милиони денари, а потоа Струмица со 101,3 и Тетово со 95,2 милиони. Во Тетово воедно и е најголемиот број на изречени казни со 329 изречени платни налози. Во Скопје иако има 371 казни, нивната вредност е само 20,86 милиони денари.

Во 2020 имало 30.339 извршени надзори од инспекторите, од кои 21.242 биле вонредни. Инспекторатот доставил 171 кривична пријава, а затворил 238 бизниси. Од таму велат дека во 2020 се работело деноноќно на целата територија на земјата. Инспекторатот лани главно беше сконцентриран на на запазувањето на протоколите и ограничувањата поврзани со пандемијата.

Инаку претходно ДПИ оствари убедлив рекорд во сума на изречени казни во 2019, според извештајот што го објави за работата во ланската година, а се работи за 220 милиони денари, или повеќе од 3,5 милиони евра, нешто што ни приближно не се остварило до тогаш.

„И понатаму како најризични области остануваат трговијата, занаетчиството и угостителството, а воедно во овие области се превземени и најголем број на инспекциски мерки“, велат од инспекторатот.

Инспекторатот во 2018 пак издал налози во износ од само 86,2 милиони денари. Износот во 2017 бил 24,7 милиони, додека во 2016 изнесувал 27,4 милиони што се навистина мали суми во однос на рекордната 2020 година. Во некои од претходните години има уште помали суми што изгледаат незначително во однос на последната.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија