28 Март, 2024
0.0255

Пауновски: Во Битола запечатени повеќе од 40 кафемати

Објавено во: Економија 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, денеска објави дека во Битола во последниот период се запечатени повеќе од 40 кафемати на јавните места со цел граѓаните да не се собираат каде што се точи кафе.

- 42 или 43 кафемати се запечатени со налепница од инспекторатот, за да нема собирање на луѓе, на бензински пумпи и во трговски објекти, рече Пауновски на денешната прес-конференција.

Додаде дека 16 угостителски објекти во Битола се затворени, а производител на брашно формирал поскапа цена од пред 11 март, по што му е издаден платен налог и ќе се изврши дополнителна контрола да се провери дали е вратена цената.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, рече дека во последните пет дена на ниво на Македонија има помал број на случаи на зголемување на цената на цитрусно овошје и дека и понатаму се вршат укажувања да се вратат замрзнатите цени од пред 12 март.

- Меѓутоа, голем број од пријавите од граѓаните за цени на лимоните се неосновани. Постапено е и по една пријава за фалсификати на средства за дезинфицирање, информираше Филиповска-Грашкоска

Ањадин Хавзио информираше дека до Државниот инспекторат за труд најголем број на претставки од работници пристигнуваат за неплатено отсуство на родител на дете до 10 години.



Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат