29 Март, 2024
0.0258

Пауновски: Инспекторите отишле без полициска асистенција на „Боемска улица“

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Иако после 19.00 часот пазарните инспектори треба да бидат придружувани од полицајци, тие на „Боемска улица“ во скопско Дебар Маало, каде што го затекнале лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во затворен дел од ресторан, сакале да извршат контрола без службеници од МВР.

Ова го потврди Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, на денешната прес-конференција, откако вчера вработени во угостителски објект не им дозволија на инспекторите да извршат увид во внатрешноста на ресторанот, каде било забрането да се даваат услуги, а истовремено Мицкоски потврди дека присуствувал на тоа место.

- Инспекторите се секојдневно на терен. Тие извршуваат увид и во затворениот простор. Тие двајца инспектори се потрефиле да бараат да влезат токму на тоа место. Им станало сомнително дека внатре има луѓе и инсистирале да влезат. На испомош им дошле уште двајца инспектори. После два часа повикан е и раководителот на одделението во Скопје. Во таа рутинска контрола, секаде им било дозволено да влезат, а овде не, што довело до сомнеж, рече Пауноски.

Тој додаде дека дури потоа била повикана полицијата да асистира. За одговорните ќе биде поднесена прекршочна пријава за оневозможување на службени лица како и кривична пријава за вршење на стопанска дејност во внатрешен дел.

- Физичките лица не не интересираат, ниту ги легитимираме, дојдена е полиција на самото место, но два и пол часа останале додека не го извршиле записникот. До 19.00 инспекторите одат без полиција, од 19.00 се прават заеднички контроли со МВР. Побарана е асистенција и дојдена е полиција, додаде Пауновски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење