Добивај вести на Viber
Државната агенција Патишта на Србија бара од српската Влада да дозволи поскапување на патарините за 20%. Барањето за повисока цена на патната такса, како што пренесуваат српските медиуми, в.д. генералниот директор, Зоран Дробњак веќе го испратил до Владата.
„Патарината би требало да поскапе за 20%, колку што изнесува Данокот на додадена вредност (ДДВ“), изјави Дробњак за РТС и потенцираше дека цената на патарината не е сменета веќе пет години.
Тој за понеделник најави седница на Управниот одбор на која ќе се разговара за иницијативата за поскапување