Партиска комисија за истражувањата на последиците врз здравјето од НАТО-бомбардирањата
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2018
Српскиот парламент денеска ги избра членови на Комисијата за истрага на последиците од бомбардирањето на НАТО во 1999 година, со задача да утврди како нападите влијаеле врз здравјето на граѓаните и животната средина во Србија.
За претседател на Комисијата е избран Дарко Лакетиќ, пратеник од владејачката Српска напредна партија (СНС) и претседател на парламентарната Комисија за здравство.
Потпретседател ќе биде претседателката на Комисијата за заштита на животната средина Ивана Стоилковиќ, исто така од СНС.