08 Декември, 2024
0.0293

ПАРТИЈАТА НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ РЕАГИРА ЗА ВЧЕРАШНАТА ПРОСЛАВА ВО БИТОЛА - „Македонија упорно ја слави српската окупација“

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-Народна, реагира дека вчера, според нивното соопштение, на српските воени гробишта во Битола повторно бевме сведоци на македонска прослава на српската окупација, овој пат за време на Првата светска војна.

Според оваа партија, прославата се случила во присуство на македонскиот потпретседател на Владата и градончалникот на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со српски старешини и политичари.

„Прославите на нашето најцрно ропство кои изминатите месеци ги гледавме на Кајмакчалан, за битката на Брегалница, во прославата кај Зебрњак, овој пат се прошируваат и на Битола. Очигледно празниците од времето кога Македонија била Вардарска Бановина, а Македонците биле Срби, секој месец добиваат свое проширување и надоградување. Александар Караѓорѓевиќ, кој македонските комунисти го нарекуваат монархофашист станува ослободител на Македонија во време кога во С. Македонија владее партија која го носи името на ВМРО“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Затоа, се додава во реакцијата, ВМРО-Народна партија повторно отворено ја прашува македонската власт, со која историска комисија е донесена одлука великосрпската окупација во Македонија да биде прогласена за општа историја.

„Власта на ВМРО ја прашуваме до кога ќе ја витка кичмата пред оваа брутална негација на македонската историја“, реагира ВМРО-Народна партија.

Ова следува откако на официјалната страница на Општинатга Битола на Фејсбук вчера беа објавени информации и фотографии од одбележувањето на Денот на примирјето во Првата светска војна.

„Потпишувањето на примирје се случи во железничкиот вагон во Франкпорт во близина на Компијења, Франција и стапи на сила во 11 часот на 11. 11.1918 година, со што се окончаа борбите во Првата светска војна, која беше една од најразорните која ја имаше светот дотогаш видено. По повод 106 години од пробивањето на Солунскиот фронт, на српските воени гробишта со положување на свежо цвеќе градоначалникот Тони Коњановски изрази чест и можност заедно со високи претставници на Република Србија – државниот секретар Зоран Антиќ, како и со потпретседателот на Владата Иван Стоилковиќ, амбасадорката на Србија Невена Јовановиќ, пратеници од Собранието на Македонија, претставници на Заедницата на Срби во Македонија, заедно да одадат почит на паднатите борци од Солунскиот фронт и сите жртви кои страдале за време на Првата светска војна од овој регион“, објави Општина Битола.

Градоначалникот Коњановски на одбележувањето истакна дека Франција ја прогласила Битола за град страдалник.

„Денес сме тука да одадеме почит, бидејќи Битола ги почитува традициите и ги чува спомените на тие бурни времиња, но тука сме и да ги негуваме пријателските односи и да истакнеме дека денес се други времиња, времиња во кои науката , знаењето, градењето на пријателства треба да нè водат напред“ порача градоначалникот Тони Коњановски.


Фото: Општина Битола

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание