24 Април, 2024
0.0253

Јавно ќе ги запалат сметките за парно греење!

Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Новоформираното граѓанското движење во Карловац „Несакам греење од Топланата" објави дека јавно ќе ги запали декемвриските сметките за греење пред зградата на Градската Топлана, а како израз на револт бидејќи добиле сметки иако имаат побарано исклучување од системот за греење и ги имаат исклучено своите радијатори. Во петок продолжува и собирањето потписи за Петицијата со која сопствениците на станови кои сакаат да  се исклучат од централното греење, бараат повеќе да не се бара согласност од сите соседи во зградата. Веќе се потпишале околу илјада граѓани, известуваат од граѓанското движење. „Услугите на градската Топлана  ние не ги сакаме затоа што не сме во состојба да ги платиме  своите астрономски сметки“, се вели во соопштението, каде се додава и дека според прописите за исклучување од системот за греење е потребна согласност на сите станари на зградата, додека за другите услуги, како што се исклучување на телефонот или откажување на снабдувањето со електрична енергија, не треба да се сложат соседите. За да ги илустрираат тешкотиите со кои се соочуваат граѓаните, беше објавено и писмото на еден од сопствениците на стан „кој нема доволно пари да плати 1300 куни месечно“ , па се обидел да собере потписи од соседите за да се исклучи од системот. Сепак, пишува тој во писмото, ова не е лесно,бидејќи многу сопственици не живеат во нив, ниту во земјата, за еден од становите се чека оставинска постапка,  а проблеми со сопственоста има и во неколку други станови во зградата. Државниот Инспекторт минатата недела објави дека против карловачката градска Топлана и старата Топлана која е во стечај, поднесено е барање за тужба пред судот во Карловац и тоа поради  пренос на податоците на корисниците без нивна согласност, поради доставување сметки без склучен нов договор и без претходно објавени услови за испорака на топлинската енергија. Сепак, осврнувајќи се на проблемот на потрошувачите кои се исклучиле од системот за греење, а сепак им стигнуваат сметки, од Државниот инспекторат велат дека според законот, за да се исклучат прво мора да добијат согласност од сите станари во зградата.

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?