17 Април, 2024
0.0231

Парите нема да ве гушнат како семејството: Женски муабет со Андријана Јаневска

Објавено во: Стил 25 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Сите имаме многу обврски, растрчани сме на сите страни, но да не забораваме една многу важна работа: колку и да ги гушкаме парите, тие никогаш нема да не гушнат нас! Затоа, кај мене на пиедесталот секогаш е семејството! Во неделите честопати Гино прави скара во двор, или одиме во викендичката во Бродец на Скопска Црна Гора. Сакам што почесто да поминуваме време во природа, затоа што единствено преку соединување со природата човекот станува смирен, спокоен и разумен.

Андријана со својот сопруг, гитаристот Драган Гиновски-Гино

Таа е виолинист во МОБ и доцент професор по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност. Дома е сопруга на Гино и мајка на Димитар и на Кристијан. Познатата пејачка, инструменталист и професор Андријана Јаневска е позната по тоа што успева да постигне сѐ. И ангажманите на двете работни места, и обврските околу децата кои за неа се најголемо уживање, и средувањето на дворот во нивниот семеен дом во Бардовци кој вели дека не би го менувала за ниту една градска локација.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре