18 Февруари, 2025
0.0272

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА - аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

Објавено во: Економија 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

За акционерите на УСЈЕ ќе се распредели аванс на дивиденда во вкупна сума од 22 милиони евра или 2.404 денари бруто по акција. 

Таква одлука донел Одборот на директори на компанијата, без одржување на седница, а за оваа одлука акционерското друштво ја информираше инвеститорската јавност преку ценовно чувствителна информација објавена на Берзата.

Инаку, како што е познато, за првите девет месеци од годинава скопската цементарница УСЈЕ оствари добивка на износ од нешто повеќе од 25 милиони евра.

„Одборот на Директори без одржување на седница на ден 11.12.2024 година донесе ОДЛУКА за распределба на аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2024 година. За периодот јануари – септември 2024 година, Друштвото оствари добивка во износ од 1.538.476.213 денари (25 милиони евра - н.з.). За периодот јануари – септември 2024 година да се распредели аванс на дивиденда за акционерите во бруто износ од 1.355.336.736 денари (22 милиони евра - н.з.), односно 2.404 за една акција“, се вели во објавата од компанијата. 

Последен ден на тргување со право на аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2024 година е 25 декември 2024 година. Прв ден на тргување без право на аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2024 година е 26 декември годинава. Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2024 година е 27 декември. 

Она што е важна вест за акционерите е дека исплатата на авансот на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 31 декември оваа година. 

Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето, и се овластува Главниот извршен директор да ги преземе сите неопходни дејствија за остварување на распределбата на аванс на дивиденда во согласност со применливите законски одредби. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МАКИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Ќе плаќаат данок на пензиите

МАКИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Ќе плаќаат данок на пензиите

ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ

ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со нешто застрашувачко

ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со нешто застрашувачко

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ

Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ

МАСОВНО ЗАТВОРАЊЕ НА ПАБОВИ И ЛОКАЛИ НИЗ ЦЕЛА БРИТАНИЈА: Без работа останаа 4.500 работници

МАСОВНО ЗАТВОРАЊЕ НА ПАБОВИ И ЛОКАЛИ НИЗ ЦЕЛА БРИТАНИЈА: Без работа останаа 4.500 работници