25 Април, 2024
0.0289

ПАРИЧНИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ МАЛКУ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ - но шест пати сме посиромашни од Европејците

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Паричникот на Македонците малку се здебелил, но се уште е тенок и во однос на повеќе земји во регионот, а далеку послаб во споредба со европските држави.

БДП по жител, податокот кој најдобро го отсликува животниот стандард, според последните бројки на Меѓународниот монетарен фонд, во земјава за прв пат се искачил на над пет илјади евра.

Или, прецизно, како што стои во најновиот извештај на Фондот, во 2018 година БДП пер капита во земјава бил на ниво од 5.145 евра. 

Тоа е за речиси 1.000 евра повеќе во споредба со четири години години претходно, или во 2014 година, кога тежел 4.138 евра.

Во однос на 2017, или за една година, пак, БДП по жител има пораст од нешто повеќе од 300 евра.

Но, дали и колку Македонците навистина се збогатиле и како ние стоиме во однос на нашите соседи, Фактор направи истражување исто според податоци на ММФ, кои се однесуваат за 2018 година, и кои малку се разликуваат во однос на последниот извештај на монетарците.

Според овие бројки, Македонија во 2018 има БДП по жител од 5,54 илјади евра.Со ваква позиција сме подобри единствено во однос на три држави од регионот на Западен Балкан, и тоа Косово, каде БДП по жител е 4 илјади евра, Албанија со 4,76 илјади евра, и Босна и Херцеговина, чии БДП по глава на жител е 5,22 илјади евра.

Но затоа, Србите се побогати од нас според овој показател, нивниот БДП по жител во 2018 година бил 6,55 илјади евра.

Црногорците се уште подобри, со БДП пер капита од 7,95 илјади евра. 

Бугарија, пак, во 2018 година можела да се пофали со БДП по жител од 8,45 илјади евра.

И Хрватите успеале значително да го подобрат својот стандард, што значи дека нивното членство во Европската унија им донело и повисока благосостојба. Нивниот БДП по жител е 13,50 илјади евра. Грците се уште подобри од нив, со БДП по жител од 18,44 илјади евра.

Словенија, пак, веќе е далеку пред нас според животниот стандард, нивниот БДП пер капита во 2018 година бил 23,74 илјади евра.

А за да бидеме, пак, сосема неутешни, да видиме каква е состојбата во Европската унија. Дваесет и осумте земји членки на елитниот европски клуб имале просечен БДП пер капита од 33,32 илјади евра. Тоа значи дека просечните европјани се за шест пати побогати од нас, односно нивниот животен стандард е за шест пати повисок.

За нас ветената земја, Германија, има уште повисок БДП пер капита од европскиот, или 43,26 илјади евра. Затоа таа е држава е екстра примамлива за работа за Македонците.

Најбогата земја, пак, убедливо е Луксембург, таму имаат БДП по глава на жител од над 104 илјади евра. Одлични се и Швајцарците, со БДП по жител од над 75 илјади евра. 

Инаку, според проекциите на ММФ, за 2019 животниот стандард во земјава не пораснал во однос на 2018, додека, пак, за оваа, 2020 година, година се предвидува дека тој ќе порасне на 5,82 илјади евра по глава на жител.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија